Еден тинејџер денеска загина, а 11 се повредени во училиште во Дагестан при експлозија на бомба, која ја донел еден од учениците, изјави портпарол на локалното Министерство за внатрешни работи.
Според потврдените информации, рачната бомба експлодирала во кабинетот за информациски технологии во гимназијата. Бомбата ја донел еден од учениците.
Бомбата експлодирала поради неправилно ракување со неа.