Дел од корисниците од Момин Поток и хотел „Вергина“ во општина Карпош денеска од 8 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Утре од 9 до 12 часот без струја ќе бидат тениското игралиште Уранија, спортската сала Работнички, воениот терен и рестораните „Маракана“ и „Кај Вршац“ во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.