Пенс: Се уште е можна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Од:

Се уште е можно да се постигне денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, благодарение на најновиот договор меѓу Вашингтон и Пекинг, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс.

– Искрено верувам дека постои шанса да постигнеме историска цел по мирен пат, Корејскиот Полуостров да биде ослободен од нуклеарно оружје, изјави Пенс на заедничка прес-конференција со австралискиот премиер Малколм Турнбул и додаде дека САД се охрабрени од чекорите, кои ги презела Кина.

Јужна Кореја соопшти во петокот дека е во состојба на зголемена готовност во пресрет на одбележувањето на уште една годишнина, која Северна Кореја ќе ја одбележи следните денови.

Портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување изјави дека Северна Кореја во вторник, на 25 април, ќе ја одбележи 85-годишнината од основањето на Народната армија, што вклучува и воени вежби, истовремено со одржување на јужнокорејско-американските воени вежби, кои се планирани за крајот на април.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас