Повредени двајца полицајци при претрес на осомничен нарко дилер

Од:

Скопјанец осомничен за производство и трговија на дрога нападнал и повредил полицајци кои се обиделе да извршат претрес во неговиот дом.

Како што соопшти МВР, вчера во 6:30 часот на улицата „Нов живот“ во Скопје во домот на З.И.(41), поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ полициски службеници постапувајќи по наредба од Основниот Суд Скопје-1 требало да извршат престрес.

Откако го повикале да ја отвори заклучената влезна врата, З.И. излегол, им кажал да го почекаат да се облече, по што влегол внатре и се искачил на покривот каде почнал да вика и со погрдни зборови да ги навредува полициските службеници. Потоа почнал да вади салонитни табли од кровната конструкција и да ги фрла кон полицијаците, а потоа ја откорнал и антената од кровот и ја фрлил кон полицајците.

Дваесет минути подоцна по усна наредба полициските службеници се повлекле на безбедно место и побарале дополнителни екипи од единицата и од полициската станица во Чаир. Откако се повлекле, на улицата излегле неколку машки лица со вила, токмак и бекатонски цигли сакајќи да ги употребат против полицајците.

Во еден момент, М.К. замавнал со вилата при што удрил полициски службеник од единицата „алфи“ во левиот рачен зглоб, а потоа замавнал и кон друг полициски службеник, кој употребил блок и ударот со вилата завршил во левата потколеница по што М.К. ја фрлил вилата и избегал во непознат правец. С. К. го фрлил токмакот и е лишен од слобода заедно со М.С. и З. И.

Од страна на Итната медицинска помош укажана му била прва помош на еден полицаец од станицата во Чаир и е пренесен во Ургентениот Центар, каде му е констатирана тешка телесна повреда-фрактура, додека другиот полициски службеник се здобил со телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција