Полицијата во Драч заплени 800 килограми марихуана

Од:

Во албанскиот пристанишен град Драч полицијата синоќа открила и запленила 800 килограми марихуана. Дрогата била скриена во шлепер, кој пренесувал градежен материјал, пред истиот да влезе во траектот кој сообраќал на релација Драч-Анкона.

Полицијата го привела возачот на камониот 40-годишниот Ермир Мемети, жител на Драч, но се сомнева дека зад него се крие поголема добро организирана нарко-група, јави дописникот на МИА од Тирана.

Полицијата потврди дека ова е шести случај во изминатите денови од декември во кој се запленети поголеми количества марихуана, во обид да биде прошверцувана во Италија.

Пред три дена запленети беа 300 килограми марихуана, скриени во камион кој требало да замине со траектот кој сообраќа на релација Драч-Бари.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски