Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и во третиот меѓусебен дуел со Катинка вон Дајхман од Лихтенштајн доживеа пораз. Таа денеска во четвртфиналето на фјучрсот во Киасо, Швајцарија (награден фонд 25.000 долари) загуби со 2-1, по сетови 3:6; 6:0 и 2:6 за нешто повеќе од еден и пол час игра.

И покрај елиминацијата во четвртфиналната фаза, најдобрата македонска тенисерка на овој фјучрс освои 9 поени.

Ѓорческа попладнево ќе игра и меч во полуфиналето во конкуренција на двојки. Таа во пар со Александрина Најденова од Бугарија како први носителки ќе играат против Миртил Жорж (Франција) и Тес Суњо (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ