ЛП: Секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите ја зголемува опасноста во државата

Од:

„Извршниот Комитет на ЛП на сиоќешната седница разгледувајќи ја актуелната политичка состојба во државата констатира дека оправданите настојувања на парламентарното мнозинство што побрзо да се конституираат државните органи т.е. да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија се во опасен застој.

Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите ја зголемува опасноста во државата. Затоа апелираме партиите од парламентарното мнозинство добро да ја согледаат ситуацијата и со поддршка од нашите пријатели од меѓународната заедница и домашната јавност да прејдат на избор на претседател на Собранието и избор на влада.

Одолговлекувањето на тие потези, ги охрабрува сите оние кои се противат на конституирањето на државната власт во Македонија и затоа не треба да се чека. При тоа ги поздравуваме се поотворените обиди од страна на меѓународните фактори да помогнат што побрзо да се конституира државната власт во земјата.

Ја повикуваме домашната јавност да не остане само на загриженост за состојбите, туку активно да го манифестира своето незадоволство од состојбите и јасно да му даде поддршка на формираното парламентарно мнозинство“, се вели во соопштението на Либерална партија.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска