Трамп: Силна Европа е важна за САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ја поздрави одлуката на Велика Британија да излезе од Европска унија, синоќа изјави дека сака ЕУ да остане силна.

– Силна Европа е многу, многу важна за мене како американски претседател, како и за САД. Ние го сакаме тоа и ќе и помогнеме на ЕУ да биде силна, а тоа е корисно за сите, посочи Трамп на прес-конференција во Белата куќа со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.

Изјавата на Трамп е контрадикторна бидејќи во јануари тој порача дека и другите земји членки ќе ја напуштат ЕУ по примерот на Велика Британија.

Кон крајот на мај Трамп планира првпат да ја посети Европа, а предвидено е да учествува на самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, а потоа на самитот на Г-7 на Таорима, сицилијански остров на 26 и 27 мај.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија