Едукација за избирачките одбори за референдумот во Гевгелија

Од:

Општинската изборна комисија од Гевгелија денеска спроведува задолжителна еднодневна едукација за членовите и замениците на избирачките одбори. Целта на оваа едукација е успешно спроведување на референдумот во недела на 23 април, кога гевгеличани ќе се изјаснуваат дали се за или против отворање на рудници за злато на планината Кожуф.

– Едукацијата ја одржуваме во вид на семинар на кој ќе разработуваме теоретски и практични прашања поврзани со претстојниот референдум. Сите денешни активности и подготовки се одвиваат согласно Упатството на ДИК и ќе бидат навреме завршени, рече претседател на ОИК Гевгелија, Гордана Поп-Кочева.

Повеќе од 19 илјади жители на општина Гевгелија, во недела на 37 избирачки места ќе се изјаснат за или против отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на нивната општина.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија