Виљегас: Третата светска војна ќе почне на 13 мај

Од:

Хорасио Виљегас, човекот што ја предвиде победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сега тврди дека третата светска војна ќе почне на 13 мај, на 100-годишнината на појавувањето на Блажена Дева Марија, објави лондонскиот таблоид „Мирор онлајн“.

Тој е убеден дека тоа ќе биде нуклеарна војна, што ќе трае до 13 октомври.

– Луѓето треба да бидат подготвени со оглед на тоа што не чекаат разорувања, шокови и смрт, наведува Виљегас.

Таблоидот посочува дека Виљгас претходно предвиде дека американскиот претседател ќе ја нападне Сирија.

Виљегас исто така предвидува дека светскиот однос на силите ќе ги доведе Русија, Кина и Северна Кореја во глобален судир со смртоносни последици.

Би можело да ве интересира

Воен аналитичар: Ако Путин изврши нуклеарен напад, тоа ќе биде крај на светот

А1он

Чешките разузнавачи предупредуваат: Третата светска војна му се заканува на човештвото

Жарко Настоски