Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електричка енергија утре од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Златко Шнајдер“ број 4 и 8 и улицата „Апостол Гусларот“ број 48, во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

Од 8 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улица 11 во селото Кадино, од 08:40 до 15 часот корисниците од улицата 16, од 9 до 12 часот населеното место Камник, а од 12 до 14 часот корисниците од улицата 519 во населбата Керамидница во општина Гази Баба.

Без струја утре од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Народни Херои“, во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Нов Живот“, „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари.

Без електрична енергија од 10 до 11 часот ќе бидат корисниците од викенд населбата Орешани, во општина Зелениково.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја