Левица: Проблемите на лицата со посебни потреби не смеат да се игнорираат

Од:

„Левица отворено го поддржува протестот за Поддршка на деца и возрасни со посебни потреби, мирен протест, кој ќе започне со во Жена парк – Скопје на 20 април, во четврток од 9 часот.

Во време кога немаме власт, а имаме властодршци, во време кога приоритетите на политичките партии се фокусирани кон собраниските фотелји, кога партиите се препукуваат со говор на омраза, создавајќи табори и толпи, Левица избра да поддржи еден искрен протест, протест на безгласните, маргинализираните, неподдржаните, неприфатените – лицата со посебни потреби.

Сериозноста на проблемот и немањето слух за оваа проблематика датира одамна. Грешките и незаинтересираноста на институциите кон лицата со посебни потреби може многу длабоко да се бара низ општествените лавиринти, но што е важно за нас, не како партија, туку како луѓе – важни се фрапантните бројки на лица со посебни потреби, бројки кои никаде не фигурираат бидејќи за истите не постои ни официјален регистар. Сите истражувања спроведени од здруженијата на лица со посебни потреби покажуваат дека бројот на оваа категорија лица во Македонија константно расте.

Ќе го поддржиме овој протест особено имајќи предвид дека:
1. Хендикепот од било каква природа не познава пол, раса, народност, политичка или религиозна припадност.
2. Во Македонија постојат скоро 80 здуженија на лица со посебни потреби.
3. Од грубо сумирање на членовите на здруженијата, доаѓаме до бројка од над 70.000 луѓе директно засегнати кон кои општеството наместо да помогне, ги продлабочува проблемите на овие луѓе и фамилии.
4. Сметаме дека нивните барања треба да бидат внимателно разгледани, не само од Собранието на РМ, туку и од компетентни лица во општеството. Истите да бидат реализирани во консултација со здруженијата на лица со посебни потреби, а согласно реалните можности на државата.

Сакаме да посочиме дека можни причини за овој огромен проблем се:
1. Поставувањето на некомпетентен кадар во институциите одговорни за овие проблематики е директна причина за позицијата и ситуацијата во која се наоѓаат овие луѓе денес.
2. Лошото распределување на буџетот на РМ во однос на здравството, социјалната помош, образованието и сите оние институции кои се директна пречка за интеграцијата на овие граѓани во општеството.
3. Неспроведувањето на најавени проекти во практика, како и недомаќинско трошење на средства резервирани за оваа група луѓе, било да се средства од невладини организации или домашен буџет.

Поврзаноста на институциите и соработката помеѓу истите е клучен фактор во решавањето на оваа сложена ситуација. Државата сериозно треба да размисли на што се должи нејзината дисфункција во темелите на нејзиното постоење, а тоа се институциите и нивната поврзаност и функционалност. Апелираме за соработка меѓу здуженијата како интерна, така и со институциите и активно превземање чекори во систематско решавање на проблемите. Систематизација постои и постојат конкретни решенија.

Со цел забрзување на чекорите кон решенија, Левица ги нуди сите свои капацитети“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица