Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел се надева дека предвремените избори кои ги свика британската премиерка Тереза Меј ќе доведат до појасни ставови на островот и поголема доверба за време на преговорите за заминување на Лондон од Европската Унија.
– Одговорноста и обврската се поважни од кога било откако на Британците им се случи Брегзит. Периодот на несигурност не е добар за политичките и економските односи меѓу ЕУ – Велика Бритаија. Се надевам дека новите избори најавени од премиерката Меј ќе донесат поголема јаснотија и предвидливост во преговорите со ЕУ, изјавил денеска Габриел за медиумската групација „Функе“ само неколку часа откако Меј најави предвремени избори на 8 мај, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според британската премиерка Меј предвремените избори треба да донесат поголема моќ за британската влада пред почетокот на преговорите за заминување од ЕУ.