Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека неуспешното тестирање на рекети што Северна Кореја го изврши во текот на викендот, бил обид на изолираната земја да испровоцира нешто и оти САД ќе соработува со Кина во обид да се намалат тензиите.
Тој, пред патот кон Блискиот Исток, посочи дека и покрај последното тестирање што го изведе Пјонгјанг не беше проба на интерконтинентални балистички ракети и оти станува збор за нерпромислен чекор.
– Тоа покажува поради што сега блиску соработуваме со Кинезите, а тоа е за да ставиме под контрола и дека целта ни е Корејскиот Полуостров да биде без нуклеарно оружје, посочи Матис.