Грузија ја повика Русија на конструктивен дијалог

Од:

Грузија ја повика Русија на конструктивен дијалог и изразува подготвеност за разгледување на секакви прашања во дипломатската сфера, изјави грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили, јави ТАСС.

Тој оваа изјава ја даде по повод денешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв на Сухуми, главниот град на Абхазија, која се отцепи од Грузија, а е призната како независна држава од Русија, Никарагва, Венецуела и Науру.

Маргвелашвили изрази голема загриженост од активностите на Русија насочени кон загрозивање на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија и ја повика меѓународната заедница да „спречи уште едно посегнување по суверенитетот“ на грузиската држава.

Во официјалното соопштение по повод посетата на Лавров грузиското Министерство за надворешни работи ја повика Русија да прекине со провокативните активности и да го почитува територијалниот интегритет на Грузија како суверена држава.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија