Израел нема да преговара со палестинските затвореници кои започнаа штрајк со глад

Од:

Израел нема да преговара со палестинските затвореници, кои започнаа штрајк со глад, изјави денеска израелскиот министер за внатрешна безбедност Гилад Ердан.

Над илјада палестински затвореници од вчера започнаа штрајк со глад каков што немало долги години. Штрајкот започна по повик на доживотно осудениот на затвор лидер на втората интифада (востание) Марван Баргути.

– Целта на протестот е да се стави крај на злоупотребите на израелските затворски власти, изјави Баргути за весникот „Њујорк тајмс“ од затворот Хадарим во северниот дел на Израел.

Според Ердан, како казнена мерка Баргути бил ставен во самица во друг затвор, нагласувајќи дека повикот за штрајк со глад е спротивно на затворските правила.

– Станува збор за затвореници терористи и убијци, кои го добиваат она што го заслужуваат, и ние немаме причина да преговараме со нив, истакна израелскиот министер.

Портпарол на израелската затворска управа потврди дека во штрајкот со глад учествуваат околу 1.100 затвореници, а властите ќе продолжат „да ги санкционираат штрајкувачите“.

Би можело да ве интересира

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хезболах продолжува да гаѓа цели во Израел, силите на Тел Авив во состојба на готовност

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Нови напади врз Бејрут, цел беше лидерот на Хезболах

Горан Наумовски