Поранешен египетски министер за внатрешни работи осуден на седум години затвор

Од:

Египетскиот суд за прекршоци го осуди Хабиб ел Адли, кој за време на претседателскиот мандат на Хосни Мубарак беше министер за внатрешни работи, на седум години затвор, откако е прогласен за виновен поради корупција.

Адли беше обвинет поради злоупотреба на буџетски средства. Тој денеска не присуствувал на судењето.

Како што се наведува, на пресудата може да се поднесе жалба пред Касацискиот суд, кој е највисок граѓански суд во Египет.

Покрај Адли осудени се уште двајца функционери од Министерството на по седум години затвор без можност за помилување и со обврска да рефундираат 108 милиони долари. Останатите осуммина службеници се осудени на три до пет години затвор.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина