Велигденска честитка од министерот за внатрешни работи Агим Нухиу

Од:

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Д-р Агим Нухиу по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи од православна и католичка вероисповед како и до сите граѓани на Република Македонија кои го празнуваат овој голем ден.

„Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. На вработените во министерството за внатрешни работи и на сите верници од православна и католичка вероисповед во Република Македонија им посакувам верба во срцата, меѓусебно почитување, разбирање и заемно помагање – вредности кои мора да бидат секојдневно присутни во живеењето на сите граѓани. Христос воскресна! Навистина воскресна!“ се вели во честитката на министерот Нухиу.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска