Јапонија се обидува да го одржи во живот трговскиот договор за Транспацифичко партнерство (ТПП) и без активното учество на САД, објавија јапонските медиуми.
Токио сака да ги убеди членките на ТПП да продолжат со договорот и без САД и планираат состанок на министерствата на преостанатите 11 земји од ТПП во Виетнам.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од трговскиот договор веднаш по неговата инагурација.
Уште неколку влади од азиските држави иразија интерес за задржување на договорот и без учество на САД.
Членки на овој договор се Јапонија, Австралија, Брунеј, Канада, Чиле, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам.