СДСМ: Мнозинската волја ќе се испочитува, ќе има живот, слобода и правда за сите

Од:

„Граѓаните да бидат спокојни во овие празнични денови. Многу брзо во Македонија ќе се живее во демократија, слобода, еднаквост, вредностите што граѓаните ги избраа на последните избори.

Насилничката реторика, заканите и криминалите ќе бидат заменети со квалитетен живот за сите и правда.

Мнозинството граѓани се одлучија за заедништво и интеграција, а не поделеност и изолација.

Унитарна Македонија ќе биде современа држава, во чекор со демократскиот свет, општество на сите граѓани, наместо на една фамилија.

Тоа е единстевниот вистински пат по кој мора да се движи државата и тоа ќе се случи, бидејки е мнозинска волја на граѓаните.

Новото парламентарно мнозинство е должно тоа да им го обезбеди на ѓраганите што ги претставува во Парламентот.

И мнозинската волја ќе се испочитува.

Многу скоро ќе се избере нов претседател на Собранието и нова реформска влада, согласно Уставот и законите на Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица