ДОМ: Честит Велигден, мир меѓу луѓето

Од:

„ДОМ им го честита Велигден на сите верници од христијанска вероисповед во Република Македонија и им посакува здравје, среќа и убавини! А најмногу од се, посакува мир меѓу луѓето, да се гледаат како блиски – пријатели, роднини, сограѓани!

Да придонесеме сите за повеќе смиреност и мудрост во промислите за земјата и за нејзината иднина, за иднината на нашите деца. Само со заеднички сили, чесни намери и искрена мисла, можеме да ја подигнеме Македонија на нозе, да чекори напред и да ги стигне оние што се пред нас. Нека биде овој голем празник поттик за благородни дела!
Честит Велигден! Христос воскресе“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата