ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ не им успеа да ја протнат платформата, нема да им успее ни блокирањето на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Љупчо Николовски.

„Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна, отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија.

Злосторничкото здружение во врвот на СДС знае дека само со прифаќање на Тиранската платформа и нејзина реализација може да дојде на власт и да се спаси од одговорност за криминалите. Затоа немаат храброст да ја отфрлат, да се откажат од разнебитување на Македонија и да ја деблокираат политичката криза.

Грижата на СДС кон земјоделците е лицемерна. Затоа криминалецот Заев ги испраќа своите послушници по којзнае кој пат да се обидат да ја изманипулираат јавноста. Тие се прочитани и одамна осудени и од земјоделците и од целиот народ.

Земјоделците знаат дека единствено ВМРО ДПМНЕ се грижи за нив и подобрување на нивниот стандард. За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра.

Земјоделците знаат дека ВМРО ДПМНЕ ќе стори се за да ја надмине деструктивноста на СДС, со што нивниот труд ќе биде соодветно валоризиран, односно ќе ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени.

Очигледно е дека СДС нема намера да се откаже од Тиранската платформа и од политиката спротивна на највисоките државни и национални интереси. Како што не им успеа да ја протнат Тиранската платформа во Собранието, така нема да им успее да ја блокираат државата.

Се ближи крајот на деструктивните политики на СДС!

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ