Полскот тур-оператор Rainbow најави влез на македонскиот пазар

Од:

Еден од трите најголеми тур-оператори во Полска, Rainbow, ќе почне да ја продава Македонија на своите туристи.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, полскиот тур-оператор по повеќе дена инспекциско патување низ земјава, склучи договори со неколку хотели и одлучи идната година да почне со чартер летови.

– По Рего Бис, ова е втор голем тур-оператор кој пројави интерес да ги нуди македонските туристички убавини на туристите од Полска. Со неговото доаѓање двојно ќе се зголеми бројот на полските туристи. Рего Бис почнува да лета оваа година, а Rainbow наредната, 2018-та година. Ова е можност Македонија да се позиционира како туриситичка дестинација на 38-милионски пазар и овојпат ќе ја прошириме нашата понуда, со што фокусот покрај езерскиот туризам, ќе биде и на другите делови од Македонија, изјави директорот на Агенцијата Лела Крстевска.

Според Агенцијата, трендот на посета на Македонија од полски туристи интензивно расте во изминатите пет години, со што Полјаците се вброија во топ 10-те туристи кои ја посетуваат земјава. Полска е осма земја во Европа по бројност на популација, додека гостите од Полска кои ја посетуваат Македонија се од 30 до 55-годишна возраст со преференца за култура, историја и активности во природа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ