УПОЗ: Вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10% туку останаа и без плата пред Велигден

Од:

„На 06.04.2017 година, Претседателот на Судскиот буџетски совет на Р. Македонија Зоран Караџовски помпезно најави дека вработените во судовите за месец март ќе добијат покачување од 10%, а покачувањето ќе се случува месец за месец, зависно од тоа колку пари ќе има во буџетот.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) реагираат на неодговорниот однос на претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски, заради чие неодговорно однесување и политиканство, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од 10% туку ги остави и без плата пред најголемиот христијански празник Велигден.

Синдикатот на УПОЗ бара да престане неодговорниот однос кон вработените во судовите од страна на Претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски и одговорните лица во министерството за финансии и бара да одговорат зошто доколку во буџетот на Р. Македонија не биле предвидени средства за исплата на зголемувањето на плата во висина од 10% на сите вработени во судовите им се поделија решенија за утврдување на работна успешност за месец март во висина од 10% на основната плата“, се вели во соопштението на УПОЗ.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите