ЕТА има уште скривници за оружје, според шпанското МВР

Од:

Шпанското Министерство за внатрешни работи смета дека баскиската сепаратистичка групација ЕТА не го предала целиот арсенал, со кој располага, напиша денеска весникот „Мундо“, кој се повикува на експерти за борба против тероризмот во Министерството.

Според шпанското МВР можно е ЕТА да располага со уште неколку скривалишта, во кои чува до два тона експлозивни материјали, околу 80 до 90 пиштоли, како и ракетни лансери.

ЕТА и ги разоткри на 8 април на француската полиција локациите на осум скривалишта со оружје. Францускиот премиер Бернар Казнев изјави дека силите за редот таму пронашле околу 3,5 тони муниција, експлозивни материјали и оружје.

Во терористичките напади, извршени од групацијата создадена во 1959 година, загинале над 800 лица. Во 2011 година ЕТА објави дека ги прекинува вооружените борби, но властите во Шпанија и Франција и натаму водат истраги против нејзините членови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски