Во холот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе се одржи хорски концерт на мултиетничкиот вокален ансамбл „Симбиоза“, кој досега имал шест концерти на фестивали.
„Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници – композиторот Дамјан Темков и диригентот Бехар Весели.
Почетокот на концертот е во 20 часот, а влезот за посетители е бесплатен.