Албанскиот државен Инстутот за статистика денеска ги соопшти официјалните податоците од пописот што се одржа во земјата од први октомври до први ноември 2011 година, во однос на етничката и верска припадност на населението. Врз основа на објавените податоци на Институтот, како Македонци се изјасниле 0,2 отсто.
Соопштувајќи ги резултатите, Генц Поло, министер за иновации и претседател на Државната пописна комисија, пописот го оцени како успешен, нагласувајќи дека истите ќе бидат добредојдени за определување на политиките кон заедниците.
Според него, во Албанија има 2.891.977 жители, при што како Албанци се декларирале 83,2 отсто или 2.329.715 лица. Во врска со процентот на припадниците на другите етнички заедници, тој посебно го акцентирал процентот на грчкото малцинство, кое според пописот брои 24.361 лице или 0,89 отсто.
Пред Македонците се Ромите и Власите кои се со по 0,3 отсто.
– Околу 14,07 отсто или 393.979 лица не се изјасниле на која етничка заедница и припаѓаат. Сепак од овој број дури 386.419 лица или 99 отсто рекле дека мајчин јазик им е албанскиот, изјавил Поло.
Во однос на верската припадност 56,87 проценти се изјасниле како муслимани, 10,3 католици додека останатите се православни. Над 14 отсто од населението на пописот не се изјаслиле за националната припадност, а таа бројка изнесува 393.979, но според министерот Поло, 99 насто од оваа бројка наведуваат дека мајчин јазик им е албанскиот.
За време на пописот, претставниците на македонското и грчкото малцинство повикаа да се бојкотира истиот