ФСП: Блокирањето на Собранието дополнително ја влошува ситуацијата во Македонија

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти го осудува однесувањето на пратениците во Собранието на Република Македонија. Вашето несовесно работење и однесување дополнително ја влошува и така лошата состојба во Република Македонија и ја продлабочува кризата. Од кога сте избрани прво неколку месеци ништо не работевте, земавте плата, за потоа со празни муабети, реплики и контра реплики да ги поминувате деновите во Собрание и повторно да земате плата.

Сакаме да ви укажеме дека додека вие безмилосно ги трошите народните пари во Собранието, надвор од него граѓаните имаат реални проблеми со блокираните институции и блокиран бизнис сектор.

Ве повикуваме веднаш да прекинете со вашите дворски игри и да овозможите Собранието непречено да функционира и да се стават институциите на државата во функција на народот, а не за ваши лични интереси!

Република Македонија нема друга алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ, како и продолжување на стратешкото партнерство со САД“ се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба