САД се загрижени поради новиот унгарски закон, којшто според Вашингтон е насочен против Универзитетот на Централна Европа (ЦЕУ), основан од финансиерот Џорџ Сорос, според кажувањата на главниот американски дипломат за Централна и Источна Европа, Хојт Ји.
– САД се загрижени од вчера донесениот закон, оти тој е целосно насочен против ЦЕУ и претставува закана за таа важна американско-унгарска институција, изјави Ји, кој е и заменик на помошникот државен секретар на САД.
Натаму, тој додаде дека Будимпешта останува важен сојузник на Вашингтон, и покрај тоа што законот му наштетува на Универзитетот и на академските слободи.