Руското МНР оценува дека односите со САД се најлоши од времето на Студената војна

Од:

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека односите меѓу Москва и Вашингтон, се најлоши уште од времето на Студената војна.

Соопштението се појавува пред пристигнувањето на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во рускиот главен град и непосредно по министерскиот состанок на групата Г7, посветен на Сирија и односите со Русија.

Тилерсон, кој во Москва нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, според западните медиуми, во рускиот главен град ќе се обиде да го увери својот домаќин, министерот Сергеј Лавров за потребата од заедничка работа за постигнување општа спогодба за Сирија.

Средбата Тилерсон-Лавров доаѓа во време кога САД и нивните сојузници настојуваат да ја натераат Москва да ја повлече својата поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад.

Пред состанокот на групата Г7, Тилерсон изјави дека Русија треба да се определи за тоа дали ќе им се приклучи на САД и на другите или пак ќе остане со Асад, со Иран и со групата Хезболах.

.На состанокот на министрите од Г7 (САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Јапонија, како и ЕУ), сепак, не беше прифатен предлогот на шефот на британскиот Форин Офисот Борис Џонсон, за воведување санкции кон Сирија и Русија, поради „хемискиот напад“ врз бунтовниците во Идлиб.

Останува нејасно како тоа Г7 би можеле да воведат и спроведат санкции, кои обично може да се направат преку Советот за безбедност на ОН или од страна на ЕУ, но италијанскиот министер за надворешни работи Ангелино Алфано изјави по состанокот во Лука, во Тоскана, дека „не мора да се дотера Русја во аголот“ што ќе рече да не се остави простор за договарање.

Би можело да ве интересира

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски