А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Град Скопје ќе субвенционира купување нови велосипеди

by А1он11/04/2017 - 13:3868
Share0

Градот Скопје оваа година ќе издвои 10 милиони денари за субвенционирање на граѓаните на Скопје за купување нови велосипеди. Градоначалникот Коце Трајановски информираше дека на утрешната седница на Советот на Град Скопје на дневен ред ќе биде одлуката со која се предвидува субвенции до 4.000 денари за набавка на велосипед, со што со оваа мерка се очекува да се доделат субвенции за најмалку 2500 велосипеди.

Добивај вести на вибер

Според Трајановски, тоа е една од директните мерки за унапредување на велосипедскиот сообраќај во градот и да се поттикнат граѓаните во што поголем број да користат велосипед како транспортно средство.

– Градот Скопје изминативе години работи интензивно на подобрување на условите за користење на велосипедот во Скопје, преку реализацијата на проектот за унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје „Скопје Велоград 2017“. Со реализацијата на овој капитален проект, ние создаваме услови за користење на велосипедот во Скопје и сметаме дека се создадени доволно услови за доделување субвенции за набавка на велосипеди, рече Трајановски.

Со проектот „Скопје Велоград 2017“ во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои ќе се протегаат во насока исток – запад и седум конектори кои ќе се протегаат во насока север – југ, со вкупна должина од 51 километар.

Досега, целосно е изградена Рутата 1, а велосипедистите можат непречено да се движат по новоизградените и реконструирани велосипедски патеки коишто ја поврзаа Гази Баба преку центарот на градот со Карпош. Во завршна фаза е изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки од Рутата 2 со што ќе се поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Патеките од преостанатите рути се во фаза на проектирање, по што ќе следува нивна изведба.

Досега целосно се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од околу 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на Вардар, со вкупна должина од над 10 километри.

skopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен