Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ ќе се одржи поетска вечер посветена на унгарската поезија.
Настанот го организираат Унгарската амбасада во Скопје и издавачката куќа „Матица македонска“.
На чествувањето ќе се обратат амбасадорот Ласло Дуцк и писателот Раде Силјан, а стихови од големите унгарски поети Шандор Петефи, Атила Јожеф, Ласло Наѓ и Ференц Јухас во препев на Паскал Гилевски ќе читаат членови на друштвото на унгарците „Теледом“ од Скопје.