Унгарскиот претседател Јанош Адер денеска го потпиша Указот за стапување во сила на контроверзниот закон со кој се поставуваат нови услови за функционирање на странски високообразовни институции во Унгарија и врз основа на кој би можел на биде затворен Централноевропскиот универзитет, основан од американскиот бизнисмен Џорџ Сорос.
Во соопштението од Кабинетот на Адер по повод потпишувањето на указот се посочува дека претседателот верува оти со законот не се прекршува академската слобода или меѓународните норми.
Претседателот ја повикува Владата да разговара со универзитетите на кои се однесува овој закон, со цел да се најде најдобриот начин за нивно натамоишно функционирање, се додава во соопштението.
Унгарскиот Парламент минатата недела, на предлог на Владата, по скратена постапка го усвои овој закон, што предизвика големи улични протести и реакции на истакнати универзитетски професори и странски институции со барање за негово отфрлање.