Јапонското население ќе се намали за 30,7 отсто во следните 50 години, се наведува во денеска објавениот извештај на Владата во Токио.
Населението се очекува да се намали до 88,08 милиони луѓе до 2065 година од 127 милиони колку што биле во 2015 година, се додава во извештајот.
Граѓани на возраст над 65 години се очекува да бидат 38,4 отсто од вкупната популација во 2065 година, во споредба со 26,6 отсто во 2015 година.
Населението во Јапонија ќе се намали под 100 милиони во 2053 година споредено со претходниот извештај каде беше назначена 2048 година.