(ВИДЕО) Марин: Еве зошто Коневски го избрал интересот на Камчев, а не на граѓаните!

Од:

„Денеска ќе објасниме како Ивица Коневски е влезен во урбаната мафија, што е класична потврда дека тој се грижи само за бизнис интереси, а не и за граѓаните. Затоа Коневски и го донесе набрзина спорниот ДУП, со којшто ги загрозува воздухот и здравјето на граѓаните во општина Аеродром.

Сопственикот на плацот кај Мајчин Дом, бизнис партнерот на ВМРО ДПМНЕ, Орце Камчев преку фирмата Масив Констракшн, од Ивица Коневски добил маркица за огромна зграда од девет ката!

Пред да биде насилно сменет ДУП, плацот се водел како неизградено земјиште, без маркица за градба.

На неизграденото земјиште Камчев подигнал 3.200.000 евра кредит.

На двата плаца коишто беа зелени површини сега ќе никнат згради што ќе ги гради фирмата на бизнис партнерот на Никола Груевски, Орце Камчев.

Ако Ивица Коневски влегол во градежни бизниси со Орце Камчев, ќе видиме за колку плацеви во Аеродром се вплеткал во вакви зделки и договори.

Ќе има ревизија на работењето на Ивица Коневски и одговорност за направени злоупотреби врз граѓаните“, изјави Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени