Масовни протести во Будимпешта за одбрана на Универзитетот на Централна Европа

Од:

Околу 80 илјади демонстранти, протестираа во центарот на Будимпешта против одлуката на унгарската влада на десничарскиот премиер Виктор Орбан за затворање на еден од најпрестижните универзитетит во Унгарија.

Демонстрантите, меѓу кои имаше многу млади луге и студенти, но и возрасни Унгарци, побараа од претседателот на државата Јанош Адер да не го потпише законот што веќе е усвоен во унгарскиот Парламент.

Според контроверзниот закон, Универзитетот на Централна Европа (ЦЕУ) не ќе може повеќе да издава дипломи, затоа што е регистриран во САД.

Универзитетот е основан пред 26 години, веднаш по падот на комунизмот во Унгарија, обновата на демократијата и воспоставувањето повеќепартиски систем во земјата, од американскиот милијаредер Џорџ Сорос, по потекло унгарски Евреин.

Овие протести се оценуваат како најголемите досега во Унгарија, откако партијата Фидеш и нејзиниот лидер Орбан е на власт, од пред седум години.

Демонстрантите бараа да не се затвори универзитет во земјата, инсистирајќи дека тоа е недемократски чин, со кој се повредуваат интелектуалните и човековите права и слободи, но дел од демонстрантите на протестот, извикувале пароли против „насилничката“ политика на владата и заговараа отворање на границите за бегалци.

Странските набљудувачи во Будимпешта оценуваат дека одлуката да се затвори универзитет со 1500 студенти од Унгарија и уште 107 земји и кој е рангиран меѓу најдобрите 200 во светот, во осум категории, е последица на судирот меѓу Орбан и Сорос.

Тие двајцата во почетокот на унгарската транзиција, од пред 25 години, биле блиски сојузници. Фондацијата што тогаш ја има основано Сорос, му обезбедила степендија на Орбан за да студира во Оксфорд, во Велика Британија.

Судирот настанал, откако според Орбан, милијардерот „сакал да има свое место во домашната политика“ и поддржувал влез на бегалци.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта