Македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја претстави туристичката понуда на Македонија пред 73 изложувачи и гости на првиот меѓународен саем за туризам Mediteranian tourism fair ( MTF), што се одржа викендов во Тирана.
На панел дискусијата што се одржала во рамки на саемот „Регионална соработка во туризмот во контекст на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед“ директорката на АППТ Лела Крстевска ја истакнала суштината на меѓународната соработка во регионот и нејзината важност во име на одржливиот туризам.
– Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработка, се вели во соопштението.
Според АППТ, интересот за природата и културата на Македонија на саемот во Тирана бил огромен, особено од помладата публика. Штандот го посетиле амбасадрот на Македонија во Албанија Стојан Карајанов, албанскиот министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво Милва Економи и Ардит Чолаку, директор на албанската Агенција за туризам.