Кинеската морнарица соопшти дека спречила напад на пирати на еден товарен брод во Аденскиот Залив.
Во соопштението се наведува дека 16 припадници на кинеските специјални единици во неделата наутро се спуштиле од хеликоптер на брод, кој пловел под знаме на островската држава Тувалу.
Членовите на екипажот, кој бил составен од 19 лица, се скриле во бебедна кабина на бродот, додека припадниците на специјалните единици го претресувале бродот, за да се осугураат дека нема други закани.
Морнарицата примила повик за помош во саботата, во кој било наведено дека бродот го напаѓаат непознат број пирати на еден чамец.