Екипата на Работнички славеше победа над Карпош Соколи во последниот натпревар од 6.коло на Супер лига на Македонија.
На средбата одиграна попладнево во салата „Градски парк“ кошаркарите на Работнички – Карпош Соколи се радуваа на триумф со 79-74 по четвртини 23:21, 14:20, 20:15 и 22-18.
Најефикасен во победничката екипа беше Ѓорѓи Чековски
со 22 поени, додека Димитар Мираковски постигна 18, а Владо Илиевски покрај 16 поени имаше и 8 асистенции.
Кај гостите се истакнаа, Драган Лабовиќ кој средбата ја заврши со учинок од 24 поени и 7 скокови, Драган Зековиќ кој на 18 поени придодаде и 8 скокови.
За Работнички ова е четврти триумф во Супер лигата, додека Карпош Соколи го претрпе вториот пораз, па двата тима се на делба на второто и третото место на табелата.
Потсетување дека вчера беа одиграни првите две средби од ова коло.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја оствари и шестата победа откако на гостувањето во Кавадарци го победи Фени Индустри со 77-61, додека во Гевгелија, Кожув беше подобар од Куманово со 86-78.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 12 бода, Работнички 10, Карпош Соколи 10, Кожув 8, Куманово 7, Фени Индустри 7.