Најмалку шест лица се убиени, а повеќе од 100 повредени во денешните судири на полицијата со демонстрантите во Кашмир, Индија, на денот кога се одржуваат дополнителни избори за пополнување на испразнето место во Долниот дом.
Сепаратистичките групи од Кашмир повикаа на бојкот на гласањето, што за последица имаше зголемување на безбедноста и помала излезност на гласачите.
Полицијата прво испука солзавец на учесниците во протестот во округот Будгам, кои ги гаѓале со камења, а потоа отвори оган и уби шест лица, изјави високопозициониран полициски функционер, јавуваат западните агенции.
Најмалку 70 бирачки места се затворени поради насилствата во Кашмир.