САД испитуваат варијанти за елиминација на севернокорејската нуклеарна закана

Од:

САД испитуваат варијантите за елиминација на севернокорејската нуклеарна закана. Ова го изјави советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за прашањата на националната безбедност, генерал-полковник Херберт Макмастер.

Во изјава за телевизија Фокс, прашан за мотивите за испраќање на носач на авиони во близина на Корејскиот полуостров, Макмастер изјави дека тоа е „манифестација на претпазливост“ против еден режим, за кој тој вели дека веќе има нуклеарни способности.

Советникот на Трамп изјави дека претседателот им порачал на воените советници да бидат подготвени и да му обезбедат целосна палета на опции против „оваа закана против американскиот народ и против нашите сојузници и партнери во регионот“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас