Македонската футсал репрезентација вторпат е поразена на квалификацискиот турнир за Европското првенство што следната година ќе се одржи во Словенија.
Во рамки од 2. коло на Ф групата чии средби се играат во Алмати, Казахстан, избраниците на селекторот Иван Божовиќ по вчерашниот очекуван пораз од домаќинот со 3-0, денеска се убедливо совладани од Чешка со 7-3 полувреме 2-1.
За Чесите ова беше втор триумф, откако вчера ја совладаа Данска со 5:4.
Сега на Македонија и е потребна висока победа над Данска за да ги сочува надежите дека на крајот на квалификациите може да биде најдобро пласирана трета репрезентација во овие квалификации и да обезбеди учество во баражот.