Три напади на цркви во Египет, најмалку 35 мртви

Од:

Во трите експлозии кои се случија денеска во Египет, во близина на христијански храмови, загинаа најмалку 35 лица, а над 70 се повредени.

Првиот напад се случи во црквата Свети Ѓорѓи, во градот Танти, а нападната беше и полициската станица во истиот град. Во тој напад загинаа најмалку 30 лица, а околу 50 се повредени.

Најмалку шест лица загинаа, а 21 се повредени во експлозијата која ја изведе бомбаш-самоубиец, во близина на црквата Свети Марко во Александрија.

Недолго после експлозијата во близина на црква, во Александрија одекна уште една бомба, но засега нема информации за жртви во тој напад.

Денеска православните цркви во Египет се полни со верници поради празникот „Цветници“, па се претпоставува дека за нападот се одговорни исламистите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Египетската телевизија „Ал Арабија“ потсетува дека Коптските христијани, инаку православци, претставуваат околу 10 отсто од 85-милионското население на Египет.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина