Најмалку 21 човек загинаа, а 50 се повредени при експлозија во коптска црква во египетскиот град Танта, соопшти егиопетското Министерство за здраство.
Експлозијата се случила во црквата Мар Гиргис за врема на прославата на верскиот празник Цветници.
Се претпоставува дека нападот го извршил бомбаш самоубиец.
Христијаните се околу 10 проценти од 92-милионското население на Египет.