Нарко шверцери со топови префрлувале марихуана преку американско-мексиканската граница

Од:

Нарко шверцери во Мексико користеле топови за пренесување на марихуана преку американско-мексиканската граница, соопштија денеска американските власти.

– Никогаш претходно го немаме видено ова. Имаме видено катапулти, но ништо како ова. Тоа е сигурно, изјави портпаролот на американската гранична патрола Кајл Естес.

Со помош на топови на пневматски погон, шверцерите исфрлале кофи со околу 38 килограми марихуана во воздух и на тој начин префрлувајќи ги преку границата во близина на Сан Луис во Аризона.

Вредноста на запленетата марихуана се проценува на 42.500 долари, истакнa Естес.

Американската гранична патрола открила 33 кофи со марихуана минатата недела, пред да се појават шверцери кои требало да ги соберат, во област на околу 150 метри од границата на американска страна, истакна портпаролот.

Полицијата што го претражувала регионот на околу 320 километри југозападно од Феникс, откриле цистерна со јаглероден-диоксид  користена за исфрлање на кофите од топот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски