Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Од:

Три лица, од кои едното шестгодишно дете, се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа којаѓто се случила денеска во 14:30 часот, кај надвозникот „Сателит“ во Куманово помеѓу два патнички возила. Сите тројца се надвор од животна опасност, информира дежурниот хирург од кумановската болница Драган Тасевски.

– Едното лице е со рана во предел на главата, сошиена е, а има повреда и на граден кош и е задржан за понатамошно лекување во болницата. Задржано е и дете со повреда на граден кош и на левото рамо и тоа е задржано за лекување. Третата личност има повреди, контузија на граден кош, а по примената терапија, е пуштен е на домашно лекување, изјави Тасевски.

СВР Куманово по извршениот увид информира дека несреќата се случила кога патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски таблички кое го управувал 50 годишниот С.Т од Куманово движејќи се од регионалниот кон магистралниот пат, претекнувајќи возило, изгубил контрола и удрил со предниот дел во „шкода“ со беровски регистраски таблички кое пак го управувал 37 годишниот Љ.Б.,кој се движел во спротивна насока.
Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе беше во прекин.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски