Би-Би-Си – Лондон
Нискобуџетните авиокомпании во последниве две децении ги преобразуваа патувањата со авион, правејќи ги летовите за стотици милиони патници евтини колку и меѓуградскиот автобус. Но може ли тоа да се случи и со подолгите маршрути?
Љубовната афера со нискобуџетните авиокомпании продолжува без да покажува знаци на „заладување“.
Ирскиот превозник Рајанер, кого патниците одамна љубат да го мразат, минатата година ја надмина Луфтханза и стана најголемата европска авиокомпанија според бројот на превезени патници.
Скандинавската Норвиџан превезла околу 25 проценти од 117-те милиони патници на Рајанер за истиот период. Но за разлика од своите конкуренти, авиокомпанијата со седиште во Осло во последните четири години постигна значителен успех, летајќи преку Атланскиот океан од градовите како Лондон и Париз. Изгледа сега Норвиџан вклучува аларм кај авиоконцерните, како ИАГ.
Одлуката на ИАГ, која е сопственик на Бритиш ервејз, Ибериа и Ер Лингус, да создаде нискобуџетна компанија за летови на далечни растојанија се оценува како директен одговор на заканата од Норвиџан. Аналитичарите ова го определуваат како „одговор по принципот око за око“.
Новата компанија со централа во Барселона на почетокот или веќе од јуни, ќе нуди летови до четири дестинации, вклучувајќи ги Лос Анџелес и Буенос Аирес,по „уште подостапни цени“.
ИАГ соопшти дека продала 52,000 билети во првите 24 часа по пуштањето на веб страната на новиот авиопревозник Левел минатата недела.
– Вклучувањето на нискобуџетните компании во опслужување на долги растојанија е добра вест за корисниците, и затоа тие се поставуваат како „силна конкуренција на традиционалните авиокомпании“, посочува портпаролот на Абта, британската асоцијација на туроператорите.
Всушност, според асоцијацијата, патниците можеби ќе искажат помала подготвеност за патуваат во преполнби авионски кабини на летови кои траат повеќе часови, како и да доплаќаат за храна и регистриран багаж.
Авиокомпаниите треба да наплаќаат патничка такса од 75 британски фунти во секој правец, што е една од причините вклучување на Левел да не распали војна со цени во овој сектор. Покрај тоа, компанијата започнува само со два авиони.
– Два авиони едвај ќе ги покријат амбициите на ИАГ, потенцира Џералд Ку, аналитичар во авионскиот сектор.
Заспал зад воланот
Левел планира да понуди повеќе маршрути кои треба да ги опслужува со повеќе авиони, од летото 2018 година и „преговара со други потенцијални европски аеродроми каде да оперира“.
Според Ку, меѓу аеродромите кои компанијата ги посакува ќе бидат британските, на прво место Манчестер.
Првенство да се користи нов бренд како Левел не и дава на ИАГ само можност да ги одржува цените што е можно најниско, туку исто така значи и збогување со минатото.
Ку подвлекува дека патниците на Бритиш ервејз имаат определени очекувања за нивото на услуги кои можеби веќе не се реалистични.
-Норвиџан нема таков проблем и изгледа ги надминува очекувањата имајќи го во предвид рејтингот кој е искажан преку задоволството од патниците, мдополнува експертот.
Друг аналитичар кој ја следи ИАГ, всушност тврди дека компанијата можеби задоцнила – веќе долго време заспала зад воланот.
Норвиџан започна да ги нуди првите нискобуџетни летови до САД од лондонскиот аеродром Гетвик, во јули 2014 година и веќе стана третата по големата авиокомпанија која оперира на овој аеродром. Сега таа лета од Гетвик до седум дестинации во САД, со два лета дневно до Њујорк, и секојдневно по еден лет до Лос Анџелес.
Стјуарт Бас, портпарол во Норвиџан, посочува дека дека компанијата одамна побарала да нуди трансатлански летови, но сметките не се совпаѓале се до појавата на авионот Боинг 787 дримлајнер, на крајот на 2011 година. Авионот воглавно е направен од композитни материјали, благодарение на што е многу полесен и со многу поефикасна потрошувачка на гориво.
Норвиџан беше меѓу првите компании која направи нарачки за овој авион како и меѓу првите кои почна да го користат. Компанијата работи со 13 авиони дримлајнер, а порачала уште 30.
-Тоа е основата на нашиот раст во летовите на долги релации, посочува Бас. Скандинавската компанија исто ќе започне да лета од Барселона за САД во јуни, отприлика во истото време ќе почне да дава услуги од Единбург, Белфаст, Корк, Шенон и Даблин, каде се користи моделот 737 на Боинг.
Годинава Норвиџан започна да добива нови 737 макс – најновата верзија на авионот.
Според Бас, благодарение на подобрената ефикасност при потрошувачката на гориво овој модел ќе донесе уште една „промена на правилата во играта“.
Авиокомпанијата порачала 100 авиони со што се истакнува обемот на нејзините амбиции.
Сезона на колебања
Пополнувањето на места на летовите до САД нема да биде тешко во летните месеци при цена од 136 британски фунти. Но за Норвиџан како поголем предизвик може да се покаже да ги пополнува летовите од регионалните аеродроми преку есен и зима, велат аналитичарите во овој сектор.
И покрај честите тврдења на Мајкл Олири, експертот се сомнева дека дали Рајанер воопшто некогаш ќе понуди трансатлански летови.
-Тоа не е еконосмки оправдано – Рајанер може и сега да лета од Шенон до Бостон, користејќи авиони Боинг 737-800, но можат да изведат само еден лет во обратен правец дневно во однос на четири или пет по европските маршрути, објаснува тој.
Оваа пречка изгледа не им пречи на други авиокомпании да ги копираат плановите на ИАГ.
Јуровинг, нискобуџетниот огранок на Луфтханза, лета од Германија до земји како Куба и Тајланд.
Во меѓувреме, Ер Франс ќе започне да нуди летови до далечни дестинации преку огранокот Буст со цел „да отвори нови маршрути, да возобнови маршрути, чие опслужување беше сопрено заради недостиг од рентабилност, и да ги одржува старите маршрути“.
Идната година, Бритиш ервејз планира да вметне уште 36 места во економската класа во авионите Боинг 777, кои летаат од Гетвик до летувалските дестинации како Флорида или Карибите, зголемувајќи го капацитетот на таа класа на вкупно 252 места. Компанијата почна да бара при кратки дестинации патниците да плаќаат за храната, приближувајќи ја уште повеќе границата межу традиционалните и нискобуџетните авиокомпании.
Кога станува збор за летањето, изгледа до голема мера го добиваме тоа за кое и плаќаме.