При силна експлозија, која рано утринава ги растревожи жителите на црногорскиот град Бар, уништен е приватниот автомобил на полициски началник во градот, јави Танјуг, повикувајќи се на весникот „Вијести“.
Експлозијата се случила утрово во 4 часот во паркингот на зградата, која се наоѓа зад зградата на судот. Оштетени се уште два автомобила, кои биле паркирани до уништемиот „Голф”.
Во тек е истрага за случајот.