Шведската полиција пронашла експлозив во камионот. кој влета во толпа народ пред стоковна куќа во центарот на Стокхолм, при што загинаа најмалку четири лица, а повредени се 15.
Шведската телевизија СВТ изформира дека полицијата во камионот пронашла вреќа со експлозив.
Но во исто време, шефот на шведската безбедносна служба одби да потврди дека е пронајден експлозив во камионот.
Инаку во Шведска денеска е Ден на жалост, а знамињата на владините згради ќе бидат спуштени на половина копје.