Шведскиот премиер Стефан Левен денеска изјави дека неговата земја е нападната и оти се укажува дека ударот на камиот во трговски центар во Стокхолм, при што загинаа најмалку две лица е „терористички напад“.
Тој додаде дека едно лице е приведено под сомнение дека е поврзано со нападот.
Поголем број луѓе се повредени, а најмалку две лица загинаа кога камион удри во трговскиот центар „Аленс“ во центарот на Стокхолм, во Кралската улица.
Портпаролката на Шведската разузнавачка служба САПО, Нина Олдермалм Шеј наведен дека ударот со камион е „намерен напад“.